четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нобелова награда за физика добија тројца научници

Нобелова награда за физика добија тројца научници

Шјукуро Манабе, Клаус Хаселман и Џорџо Паризи се добитници на Нобеловата награда за физика во 2021 година „за нивниот револуционерен придонес во разбирањето на сложените физички системи“, соопшти денеска Шведската кралска академија во Стокхолм.

Половина од наградата им припадна на јапонскиот научник Манабе и Германецот Хаселмау за „физичко моделирање на климата на Земјата, квантифицирање на варијабилноста и доверливо предвидување на глобалното затоплување“.

Втората половина од наградата му е доделена на Италијанецот Паризи за „откривање на меѓусебната поврзаност на нарушувањата и флуктуациите во физичките системи од атомски до планетарни пропорции“. (МИА)