четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нобеловата награда за мир доделена на активисти од Русија, Украина и Белорусија

Нобеловата награда за мир доделена на активисти од Русија, Украина и Белорусија

Овогодишната Нобелова награда за мир денеска им беше доделена на активистот за човекови права Алеш Бељацки, руската група Меморијал и украинската организација Центар за граѓански слободи.

Победникот во Осло го прогласила претседателската на норвешкиот Нобелов комитет Берит Рајс-Андерсен.

Алеш Бељацки е истакнат белоруски активист за човекови права, кој моментално се наоѓа во затвор без судење.

Бељацки е основач на државниот Центар за човекови права „Весна“ (Пролет), кој е основан во 1996-та година како одговор на бруталното задушување на уличните протести од страна на белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко.

„Го посвети својот живот во промовирање на демократијата и мирниот развој во својата матична држава“, соопштил комитетот за Нобелова награда, пренесува „BBC“.

Нобеловецот прв пат бил уапсен во 2011-та година и бил во затвор до 2014-та поради обвиненија за затајување на данок, кои ги негирал.

Повторно бил приведен во 2020-та година по масовните протести поради, како што тврди опозицијата, наместените избори во Белорусија благодарение на кои Лукашенко останал на власт.

Украинскиот центар за цивилна слобода е една од водечките украински организации за човекови права која е основана во 2007-ма година кога претставници на организацијата од поранешните земји на СССР одлучиле да формираат прекуграничен центар за поддршка во Киев.

Од почетокот на војната во Украина, Центарот работи на идентификација и документирање на руски воени злосторства против украински цивили.

Руската организација за човекови права „Меморијал“ е затворена на почетокот на оваа година. Таа организација повеќе од 30 години работела на разоткривање на приказните на милиони невини луѓе кои се погубени, заробени или процесирани во текот на советската ера.

Пред осум години таа организација во Русија е ставена на листата на „странски агенти“ за кои владата тврди дека се финансирани од странски држави. Групата е затворена бидејќи своите објави на социјалните мрежи не го обележала со ознаката „странски агенти“, што е законска обврска.

Во декември 2021-ва година, Врховниот суд наредил оваа организација и сите нејзини регионални ограноци да се затворат поради кршење на законот од 2012-та година. Додека судијата ја читал одлуката, се слушале извици „Срамота“.

Неделата за објавување на Нобеловите награди започна во понеделник со доделувањето на наградата за медицина во чест на научникот кој открил тајна неандерталска ДНК.

Тројца научници заедно во вторникот ја освоија наградата за физика бидејќи покажале дека ситни честици можат да задржат меѓусебна врска дури и кога се раздвоени.

Наградата за хемија беше доделена во средата на тројца научници кои развиле начини за поврзување на молекули кои може да се користат за дизајнирање на лекови.

Француската писателка Ани Ерно вчера ја одби Нобеловата награда за книжевност.

Нобеловата награда за економија за 2022-ра година ќе биде објавена во понеделник, на 10-ти октомври.