Нобеловиот медал на рускиот новинар Дмитриј Муратов вчера на аукција беше продаден на аукција за 103,5 милиони долари, а собраниот износ ќе биде наменет за помош на раселените украински деца.
Сумата ќе биде донирана во програмата на УНИЦЕФ за помош на раселените деца од Украина, соопшти аукциската куќа Херитиџ Окшнс (Heritage Auctions).
Муратов, главен уредник на Новаја Газета и остар критичар на Кремљ, минатата година ја подели Нобеловата награда за мир со филипинската новинарка Марија Реса. Признанието им го посвети на шестмина свои новинари кои загинаа поради својата работа.
Новаја газета на почетокот на март објави дека од својата веб-страница ќе ги отстрани материјалите за руските воени дејствија во Украина поради цензура, како одговор на заканите на Кремљ дека ќе ги гони новинарите и граѓаните кои не ја поддржуваат официјалната позиција на владата за војната во Украина.
Во видеото објавено од Heritage Auctions, Муратов рече дека освојувањето на Нобеловата награда „ дава шанса да бидеш слушнат“.
– Најважната порака денес е дека луѓето разбираат дека се случува конфликт и дека треба да им помогнеме на луѓето кои најмногу страдаат, додаде рускиот новинар, посебно истакнувајќи ги „децата во бегалските семејства“.