недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нормализирана пловидбата низ Суецкиот канал

Нормализирана пловидбата низ Суецкиот канал

Поморскиот сообраќај во Суецкиот Канал денеска се нормализира откако реморкери го одвлекоа товарниот брод кој се расипа при транзит од Средоземното Море до Црвеното Море.

Се веруваше дека дефектот ќе предизвика само мали доцнења и дека конвоите на бродови ќе продолжат да работат редовно до 11 часот по локално време, но на крајот четири реморкери мораа да го влечат  бродот за поправка, се вели во соопштението на Управата на Суецкиот канал.

Суецкиот канал е еден од најфреквентните водни патишта во светот и најкратката поморска рута меѓу Европа и Азија.  (МИА)