петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Норвешка ќе ја продолжи соработката со Бразил за Амазон по победата на Лула

Норвешка ќе ја продолжи соработката со Бразил за Амазон по победата на Лула

Норвешка, која ги прекина субвенциите за заштита на Амазон за Бразил во 2019 година, кога претседател беше Жаир Болсонаро, ќе ја продолжи соработката со земјата по победата на Луис Инасио Лула да Силва на претседателските избори.

– Што се однесува до Лула, ние забележавме дека за време на кампањата, тој го истакна зачувувањето на амазонската шума и заштитата на домородните народи на Амазон, појасни министерот за животна средина Еспен Барт Еиде.

Тоа е причината зошто тие сакаат да воспостават контакт со неговите тимови, „најбрзо што може, за да се подготвиме за продолжување на историско добрата соработка на Бразил и Норвешка“.