вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нов мост во Џенова: На местото каде загинаа 43 лица ќе се гради челичен вијадукт

Нов мост во Џенова: На местото каде загинаа 43 лица ќе се гради челичен вијадукт

Бордот на приватната компанија под чија контрола е срушениот вијадукт во Џенова, соопшти дека може да изгради нов челичен мост, како замена за старата структура од армиран бетон, во рок од осум месеци.

Бордот на денешната вонредна седница, недела дена после трагедијата во Џенова во која 43 лица го загубија животот, одлучи новиот вијадукт да биде изграден од челик „во склад со најмодерните стандарди“, пренесува АП.

Компанијата ќе плати околу 500 милиони евра за обновата на вијадуктот, а во меѓувреме, ќе плати и за новите патишта за да не дојде до големо нарушување во сообраќајот.