Нов Зеланд воведува санкции против рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Нов Зеланд се вели дека ќе воведе забрана за лицата вклучени во војната во Украина.
На објавената листа се вклучени околу 100 лица.