петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нова ерупција на вулканот Агунг

Нова ерупција на вулканот Агунг

Индонезиските власти соопштија дека синоќа дошло до уште една голема ерупција на вулканот Агунг, кој се наоѓа на островот Бали.

Во седумминутната ерупција, облаците чад се издигнале на неколку километри височина, а лавата течела до два километри од кратерот.

Облаците чад се движат на запад. Нема податоци за повредени или загинати лица во најновата ерупција.

Индонезиските власти и понатаму ја држат затворена зоната од четири километри окоу вулканот, но засега прометниот аеродром Денпасар на јужниот дел на островот Бали останува отворен.

МИА