петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новата контроверзна брана повторнио ја спаси Венеција од поплава

Новата контроверзна брана повторнио ја спаси Венеција од поплава

Контроверзната брана во Венеција по втор пат спречи поплавување и го спаси градот.

Мрежата од 78 блескаво жолти брани беше активирана утрово откако пристигна информација дека плимата може да достигне до 135 см. Доколку немаше бариери, бранот од таа висина ќе го преплавеше градот, а најголема туристичка атракција , плоштадот Свети Марко ќе беше под вода.

Во доцните утрински часови, силниот ветер и дождот го подигнаа нивото на морето во лагуната, а во некои делови водата достигна 140 сантиметри, но градот беше зачуван поради бариерата, односно нивото во неговата област беше стабилно (помеѓу 50 и 60 см).

-Градот е сув. Сите порти се во функција. Каналите ќе се отворат околу 15:30 часот, напиша градоначалникот на Венеција Луиџи Бругнаро на Твитер. Плимата со водостој до 130 см е предвидена и за утре наутро.

Огромните жолти брани кои се подигнуваат за да ја одделат венецијанската лагуна од морето, успешно го заштитија градот за време на неговиот прв тест на почетокот на октомври, кога плимата достигна 120 см, пишува Гардијан.

Дизајнирана во 1984 година, проектот за брана МОСЕ требаше да проработи во 2011 година, но беше придружен со корупција, пречекорувања и одложувања на трошоците. Конечно беше тестирана во јули и инженерите проценија дека е подготвена за употреба кога времето е лошо.

Венецијанските поплави – „аква алта“ – се предизвикани од низа фактори кои дополнително се влошуваат со климатските промени, како што се покачувањето на нивото на морето, невообичаено големите плими и повлекувањето на почвата, предизвикувајќи градот да тоне. МОСЕ треба да биде во можност да ја заштити Венеција од плимата висока до три метри.

Венеција може да се поплавува неколку пати годишно, но од 23 плими и осеки со ниво поголемо од 140 см, 14 се случија во последните две децении.

Венецијанците имаат различни ставови за овој проект. Некои веруваат дека тој е од клучно значење за заштита на градот, додека други велат дека ја оштетил кревката лагуна. Оние кои се противат на проектот тврдат дека досегашните работи само ги влошиле поплавите.