недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нови експлозии на Крим

Нови експлозии на Крим

Нови експлозии попладнево се слушаат од  Симферопол, јужниот дел на Крим.

Поранешната портпаролка на украинскиот претседател, Јулија Мендел изјави дека експлозиите се во руската воена база на Крим.

Утрово имаше информации за две лица кои се здобиле со полесни повреди при серија експлозии, предизвикани од пожар што зафатил складиште за муниција во близина на населеното место Мајско во областа Џанкој на полуостровот Крим. Поради експлозиите евакуирани се околу 2.000 луѓе од Мајско. (МИА)