Американскиот производител на играчки Хасбро прикажа нето пад на продажбата од 112,5 милиони долари во првиот квартал на 2018 година, пред се поради банкротот на синџирот Тојс Р Ас, кој беше голем купувач на играчки од Хасбро, но и поради лошата продажба во Европа.
Колапсот на Тојс Р Ас, предизвикан од растот на интернет продажбата на играчки, предизвика сериозни потешкотии за Хасбро, Мател и другите големи производители на играчки, кои мораат да најдат нови начини како да допрат до купувачите. Вредноста на акциите на компанијата падна за 5 проценти, што е најниско ниво за неа од декември 2016 година.
МИА