четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нови протести во Русија против мобилизацијата

Нови протести во Русија против мобилизацијата

Активистите за граѓански права соопштија дека денеска во Русија се приведени неколку лица за време на новите протести како одговор на мобилизацијата на армиските резервистите да се борат во Украина.

Според фотографии и видеата објавени од независни медиуми демонстрантѕи се приведени во Хабаровск, Новосибирск, Иркутск, Томск и Чита во Сибир. Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Ние не сме месо“.

За денеска се планирани протести и во Москва и во Санкт Петербург.

Протестите во Русија почнаа по наредба на рускиот претседател Владимир Путин да се мобилизираат армиските резервисти, седум месеци од почетокот на војната во Украина. На првите протести што се одржаа на 21 септември, истиот ден од прогласувањето на мобилизацијата, според порталот за граѓански права ОВД-Инфо, приведени се повеќе од 1.300 лица.