Уште 3 лица биле пронајдени под урнатините на мостот Моранди во Џенова, со што бројот на загинати порасна на 42. Тие податоци уште не се официјални, но пожарникарите потврдиле дека пронашле тела на 9-годишно девојче и нејзините родители во “целосно уништен автомобил”.
Пожарникарите на Твитер го потврдиле пронаоѓањето на уништениот автомобил.
Како што се наведува, денес во Италија е ден на жалост, а јавниот погреб за дел од загинатите почнал во 11:30 часот по локално време. Како што пренесуваат агенциите, претседателот на Италија, Серџо Матарела, пристигнал во Џенова за да присуствува на погребот.
Мостот Моранди се урнал во вторникот за време на невреме, а повеќе од 30 возила паднале на земјата од висина од 45 метри.