Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер побара „почитување“ откако новинар го праша дали бил пијан кога се тетеравел и барал помош за време на минатонеделниот самит на НАТО.
На денешната прес-конференција, Јункер рече дека минатата среда имал проблем со ишијасот и со грчеви во нозете, како што претходно соопштија и неговите помошници.
– Изненаден сум од интересот кој одделни лица го имаат за тоа прашање, кое дури не е ни маргинално и барам почитување, изјави Јункер.
Претходно и ЕУ ги отфрли како „навредливи“ тврдењата дека Јункер бил пијан на Самитот.
Тој досега во неколку наврати ги отфрли тврдењата дека има проблеми со алкохолот, обвиненија кои ги изнесоа британските медиуми кога пред четири години Лондон се обидуваше да го спречи неговото именување.