сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новинар загина во бомбашки напад во Авганистан

Новинар загина во бомбашки напад во Авганистан

Новинарот на авганистанското радио Елиас Даџи загина денеска кога експлодирала бомба прикачена на неговиот автомобил.

– Во нападот се повредени уште три лица, меѓу кои и едно дете, изјави портпаролот на гувернерот на покраината, Хелманд Омер Звак.

Директорот на радиото, Азади Сами Махди, на Твитер потврди дека неговиот колега и пријател Елиас Даџи е убиен во терористички напад утрово.

Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, што следеше неколку дена по убиството на поранешниот водител на ТОЛО ТВ во Кабул. (МИА)