Суд во Мјанмар осуди двајца новинари на Ројтерс на седум години казна затвор.
Новинарите Ва Лон и Куав Сое О се изјаснија за невини по обвиненијата за кршење на Законот за државна тајна. Максималната казна, која им се закануваше, беше 14 години затвор.
Двајцата новинари известуваа за минатогодишната брутална операција на Армијата на Мјанмар против Рохинџите во западниот дел на Ракајн. Според обвинението, новинарите добиле и дистрибуирале доверливи документи.
Двајцата новинари рекоа на суд дека двајца полициски претставници им ги дале доверливите документи во ресторан во Јангон. Минута подоцна други полицајци ги уапсиле на 12 декември минатата година.
Пресудата беше изречена пред преполна судница со новинари и дипломати.
(Миа)