Русија пријави појава на високо патогениот птичји грип Х5Н8 на фарма во западниот дел на земјата, објави денеска Светската организација за здравје на животните (ОИЕ).
Грипот во регионот Костромскаја уби повеќе од 14.000 птици и доведе до уништување на уште 283.000 птици од јата, соопшти ОИЕ, повикувајќи се на информации од руското Министерство за земјоделство.