недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НВО: 122 демонстранти загинаа во задушувањето на протестите во Иран

НВО: 122 демонстранти загинаа во задушувањето на протестите во Иран

Повеќе од 120 демонстранти се убиени во задушувањето на протестите во Иран што започнаа на 16 септември, денот на смртта на младата Иранка, Махса Амини, која беше уапсена бидејќи не ја носела правилно шамијата, соопшти денеска иранскиот огранок на невладината организација Хјуман рајтс со седиште во Осло.

Во претходниот биланс беше соопштено за 108 мртви, наведува организацијата, додавајќи дека загинале 122 лица.

Протестите во Иран започнаа на 16 септември, денот на смртта на Махса Амини (22) во болница, каде што беше ставена во тешка состојба по нејзиното апсење на 13 септември во Техеран поради „носење несоодветна облека“ и непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување за жени.