сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обид за атентат на суданскиот премиер

Обид за атентат на суданскиот премиер

Суданскиот премиер Абдула Хамдок денеска преживеал обид за убиство во престолнината Картум, каде имало експлозија, а нејзина цел, како што пренесуваат државните медиуми, бил конвојот со возила на премиерот.

Американските медиуми пренесуваат дека семејството на премиерот соопштило дека тој е безбеден, а засега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Хамдок беше именуван за судански премиер во август минатата година, по продемократските протести што ја присилија војската да го собори од власта претседателот Омар ал-Башир и на чело на земјата да донесе цивилна влада.