петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Објавена тажна вест: Шани Лук е мртва, три недели голгота по киднапирањето од Хамас

Објавена тажна вест: Шани Лук е мртва, три недели голгота по киднапирањето од Хамас

Семејството на младата Шани Лук, германски уметник , која беше киднапирана од Хамас по инвазијата на Израел, објави дека девојчето е мртво.

„За жал, вчера ја добивме веста дека мојата ќерка повеќе не е жива“, изјавила мајката Рикарда, пренесува Билд.

Сестрата на Шана, Ади напиша на Инстаграм дека „со голема тага ја објавува смртта на мојата сестра“.

Шани Лук (22), која има израелско и германско државјанство, била на музички фестивал во близина на Кибуц Реим на 7-ми октомври. Таму таа го славеше животот со стотици млади Израелци кога беа нападнати од милитантите на Хамас.

Хамас уби десетици посетители на фестивалот и киднапираше многумина, меѓу кои и Шани Лук и ги одведе во Појасот Газа.

Истиот ден, Хамас објави видео на кое наводно се гледа Шани Лук во камионска приколка опкружена со борци.

Таа лежела и била тешко повредена. Околу неа борците го славеа нејзиното киднапирање.

Набрзо се проширија информации дека таа е мртва, но нејзината мајка изјавила дека и кажале дека Шани е уште жива, но тешко повредена.

И покрај ужасното видео, семејството на Шани повеќе од три недели се надеваше дека Шани ќе биде ослободена.

За жал, денес семејството ја објави тажната вест.