петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа

Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа

Убијците, кои дошле од Саудиска Арабија на денот на убиството на новинарот Џамал Кашоги и по неколку часа си заминале од Истанбул, во куферите носеле страшна опрема.

Освен тоа, турските истражители уловиле комуникација во која еден од петнаесетината убијци на некого му вели да му каже на шефот дека операцијата е завршена. Не се знае името на шефот , но се претпоставува дека станува збор за престолонаследникот Михамад бин Салман. Новинарот бил задавен, а неговото тело распарчено , истопено во киселина и истурено во канализација.

По извршеното убиство, 15-мината отпатувале назад во Саудиска Арабија со два приватни авиони и со еден на редовна линија.

Според весникот Сабах, кој ги објави снимките на коферите на убијците кои патувале со приватните авиони, во нив имало десет мобилни телефони, пет воки – токи уреди, два шприца, два електоршокери, големи ножици, уред за пречки, три големи заварувачи и предмет што личи на скалпел.

Турскиот претседател Реџеп таип Ердоган во саботата потврди дека има аудио снимка од убиството, која ја испратил во вашингтон, Ријад, Париз, Берлин и Лондон.

„Таа снимка е ужасна. Дури и членот на саудиската разузнувачка служба бил толку шокиран кога ја слушнал, па рекол дека тој што го правел ова морал да биде на хероин. Само некој кој зема хероин тоа би го направил”, изјави Ердоган.