Maxar Technologies објави сателитски снимки на кои се гледа масовната гробница во источниот украински град Изјум, кој што неодамна беше напуштен од руските сили бегајќи од украинската контраофанзива.
Украина, да потсетиме, тврди дека во масовната гробница во Изјум биле пронајдени 440 тела, меѓу кои и тела на украински војници и цивили. Некои тела биле пронајдени со јажиња околу вратот, додека на други им биле врзани рацете, што сугерира дека тие не биле убиени при гранатирање, туку егзекутирани.
Првата сателитска фотографија (насловната) покажува руска артилерија која се наоѓа во близина на влезот на гробиштата во Изјум. Создадена е на 8 април годинава, кога градот бил под руска окупација.
Втората фотографија (подолу) направена е на 24 март ја прикажува оштетената болница и околните згради во Изјум.
Следната фотографија (подолу) направена на 20 јуни и го прикажува влезот на гробиштата.
А следната фотографија (подолу) направена на 24 март и го покажува истиот влез на гробиштата.
Следната фотографија направена на 29 август го покажува истото место.