четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОБСЕ со осуда за руската воена акција во Украина, повикува на итен прекин на воените активности

ОБСЕ со осуда за руската воена акција во Украина, повикува на итен прекин на воените активности

Вршителот на должноста шеф на ОБСЕ, шефот на полската дипломатија Збигњев Рау и генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Марија Шмид остро ја осудија денеска руската воена операција во Украина.

„Силно ја осудуваме воената акција на Русија против Украина. Нападот врз Украина ги доведе во сериозна опасност животите на милиони луѓе и претставува сериозно кршење на меѓународното право и руските ветувања“, се вели во соопштението на Рау и Шмид.

Тие повикаа на итен прекин на сите воени активности.