среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОД 1 МАРТ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА: Полска воведува услов за работa во одредени сектори

ОД 1 МАРТ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА: Полска воведува услов за работa во одредени сектори

Полска оd 1 март ќе воведе задолжителна вакцинација за наставниците, медицинските работници, полицијата, армијата, пожарникарите и за лица кои работат како обезбедување.

Министерот за здравство Адам Њељски изјави дека по 1 март задолжителната вакцинација ќе биде услов за извршување на работата во наведените сектори.

Тој посочи дека Полска, поради континуираното високо ниво на дневни нови инфекции со коронавирус, ги следи Германија и Австрија во барањата за задолжителна вакцинација за овие три професионални групи.

Како што најави, од 15 декември бројот на гости во хотелите, рестораните, театрите и црквите ќе се намали на 30 отсто од сегашните 50 отсто, додека дискотеките и ноќните клубови ќе бидат затворени.