Од 1 октомври за влез во Ватикан ќе биде потребен здравствен сертификат со кој се докажува имунитет против Ковид-19.
Жителите, работниците и посетителите ќе треба да го носат таканаречиот Ковид-пасош што веќе широко се користи во Италија, се вели во соопштението на Светата столица.
Исклучок ќе се прави за оние кои присуствуваат на литургијата „за времето потребно за обредот“.
Ковид-пасошот, што првично беше дизајниран да го олесни патувањето меѓу земјите од Европската унија, покажува дека некој бил вакциниран против Ковид-19, или имал негативен тест за Ковид или неодамна се опоравил од коронавирусот.
Минатиот четврток, италијанската влада им нареди на сите работници да го покажат својот зелен сертификат од 15 октомври, во обид да ја засилат кампањата за вакцинација.