По тринеделна потрага, турските власти соопштија дека бројот на мигранти кои настрадаа во бродоломот во езерото Ван во источна Турција се искачи на 54.
Девет тела беа извлечени од езерото во текот на вчерашниот ден.
– Бродот, кој потона на 27 јуни, превезувал меѓу 55 и 60 мигранти, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Пет лица се уапсени во врска со инцидентот.
Езерото Ван се наоѓа во близина на турската граница со Иран, од каде мигрантите од Иран, Авганистан и други земји честопати преминуваат во Турција за да стигнат до Европа.