сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од глетката ќе ви се заледи крвта: Тлото почна да се движи и тогаш исчезна цело семејство- татко и тројца синови загинаа во свлечиште (ВИДЕО)

Од глетката ќе ви се заледи крвта: Тлото почна да се движи и тогаш исчезна цело семејство- татко и тројца синови загинаа во свлечиште (ВИДЕО)

Татко и неговите три синови од Гватемала загинаа кога свлечиште им ја проголта куќата.

Поради придвижувањето на тлото, во земјата се отвори огромна дупка, а куќата стоела на работ.

Настрадаа Франциско Лукс (39) и три деца на возраст од 3, 6 и 10 години. Нивните тела се пронајдени во урнатините.

За време на несреќата, мајката била надвор од куќата, во набавка на храна за појадок, а кога дознала што се случило, паднала во состојба на шок.

Во близина се наоѓал еден тинејџер кого спасувачите успеале да го спасат, и тој со неколку скршеници е префрлен во болница.

Дупката се отворила поради обилните врнежи кои го навлажниле веќе мекото земјиште.

Годинешната дождовна сезона во Гватемала почна во мај, а до сега однесе 12 животи.