петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од модни писти до затвор: Мисица осудена поради праќање голи фотографии на малолетник

Од модни писти до затвор: Мисица осудена поради праќање голи фотографии на малолетник

Поранешната мисица на Кентаки, Рамси Бетан Берси (29) е осудена на две години затвор во Западна Вирџинија откако признала дека на тинејџер му испраќала голи фотографии.

Освен тоа, десет години ќе биде под надзор за да не го повтори делото, а нејзиното име ќе биде впишано во регистарот за сексуални претстапци до крајот на нејзиниот живот.

Таа во затворот Лакин морала да се јави денеска.

Уапсена е во 2018 година, па обвинета за четири казнени дела. Признала дека на 15-годишник преку Снепчет му испратила барем четири фотографии на кои е топлес. Во тоа време, тој бил ученик во средно училиште.

Фотографиите кои таа ги праќала биле пронајдени од неговите родители, па затоа со професорката, мисицата ја пријавиле во полиција.