Од удари на гром низ државата Бихар во источна Индија денеска загинаа 83 луѓе, претежно земјоделски работници, соопштија властите.
Многумина од нив беа погодени од гром кога засадувале семиња во 23 од 38-те окрузи во државата, се наведува во соопштението од Владата.
Најмалку десет лица се повредени и се наоѓаат на болничко лекување.
Обилните дождови пред почетокот на сезоната на монсуни го погодија регионот.
Во јули минатата година, од гром во Бихар загинаа 39 лица, исто така за време на монсунските дождови, кои траат до септември.