четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од урнатините во Мајами извлечени уште четири тела: Продолжувањето на акцијата е неизвесно заради временските непогодби

Од урнатините во Мајами извлечени уште четири тела: Продолжувањето на акцијата е неизвесно заради временските непогодби

Уште четири тела беа извлечени од урнатините на една зграда во близина на Мајами, со што вкупниот број жртви се зголеми на 32, објави денеска помошникот началник на противпожарната единица Мајами-Даде, Рид Јадалах.

Тој информација им ја пренесе на членовите на семејствата на жртвите за време на состанокот зад затворени врати, пренесува АП.

Јадалах додаде дека спасувачите сè уште трагаат по останките на жртвите.

Интензивираните напори за спасување од срушената зграда во Јужна Флорида се соочуваат со нови предизвици поради временските непогоди, бидејќи тропска бура се приближува кон оваа држава.

Најновите прогнози покажаа дека тропската бура Елза се движи кон запад, претежно ја штеди Јужна Флорида, но областа околу урнатиот објект доживеа грмотевици, а се очекува уште еден ден на немирно време.

Остатоците од делумно срушената зграда во Мајами вчера беа срушени на земја поради можно пристигнување на тропската бура Елза, која го напушти брегот на Куба, а метеоролозите најавуваат дека наскоро ќе достигне до западниот брег на Флорида.

Прославата на Денот на независноста во Мајами беше откажана, а истрагата сепак не даде одговор на прашањето што предизвика уривање на зградата на 12 ката, но инженерите укажаа на структурните недостатоци што може да ја предизвикаат оваа несреќа.