петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одбија да лекуваат ранет терорист: Министерството ја забрани операцијата на џихадистот во виенската болница

Одбија да лекуваат ранет терорист: Министерството ја забрани операцијата на џихадистот во виенската болница

Австриските власти одбиле да му пружат медицинска помош на 19-годишниот ранет Грузиец кој што е осомничен за изведување на терористички напад северно од Тбилиси.

Грузиската влада имала намера осомничениот терорист на Исламската држава кој што бил тешко повреден во анти-терористичката акција, да биде доведен во Виена на итна операција, меѓутоа австриското Министерство за внатрешни работи го забранило влегувањето на 19-годишниот исламист во Австрија.

Темирлан М. на 26-ти декември бил тешко повреден со куршум во глава, откако се обидел претходно да детонира рачна бомба. Терористот од тогаш се наоѓа во кома. Поради тоа, владата од Тбилиси имала намера да го испрати на итна операција во виенската болница “AKH”.

Инаку, ранетиот терорист му бил пријател на еден од лидерите на нападот на истанбулскиот аеродром во 2016-та година и бил негов голем поддржувач. Поради тоа, како и поради неговите терористички активности, министерот за внатрешни работи на Австрија, Херберт Кикл го забранил неговиот влез во државата.

Од австриското министерство образложиле дека „неговото доаѓање во Австрија би претставувало голема опасност по безбедноста на државата. Ризикот од акција за ослободуање или напад со цел ослободување на повредениот е преголем“, стои меѓу другото во соопштението.