Антиваксерка од Северна Ирска и нејзината ќерка починале во рок од неколку дена во болница во Белфаст, откако се заразиле со корона.
Би-Би-Си јавува дека Семи-Џо Форд (32) починала во болницата Олстер во саботата додека лежела на исто одделение со нејзината мајка Хедер Мадерн (55), која починала на 31 август.
Пред смртта, Мадерн споделила неколку теории на заговор за короната на социјалните мрежи, пишува Daily Mail. Таа, исто така, го поддржала конзервативниот коментатор и американска активистка Кендис Овенс, која сугерира како да се однесувате доколку вашиот работодавец ве присили да се вакцинирате, и уште едно видео од друга жена која била против вакцинирање на деца.
Форд и Мадерн биле негувателки и меѓу првите што требало да бидат вакцинирани кога започна вакцинацијата во Северна Ирска во јануари.
Таткото на Форд, Кевин Мекалистер, за Би -Би -Си изјавил дека е потресен.
„Ја загубив ќерка ми, мојата најдобра пријателка“, рекол тој, додавајќи дека Форд има четири деца и била многу блиска со нејзината мајка.
„Тие работеа заедно, живееја заедно и умреа заедно“, додаде тој.
Тој вели дека не знаел зошто неговата сопруга и ќерка не се вакцинирале кога им било понудено.
„Оние луѓе кои не се вакцинираат, не размислуваат за другите што ги оставаат зад себе.“, рекол накратко.