Откако констатира дека во градот има повеќе од троца заразени на 100 жители Одборот за вонредни состојби во Букурешт од утре на полноќ прогласи забрана за работа на рестораните и кафулињата во затворен простор и забрана за изнајмување сметување.
Според одлуката на одборот, дозволено е да се подготвуваат, продаваат и консумираат храна и алкохолни и безалкохолни пијалоци во градините и на терасите на рестораните, како и во објекти кои имаат само еден ѕид и таван и каде што е можно растојание од два метра меѓу масите, на кои е дозволено да седат најмногу шест гости доколку не се од исто семејство.
И натаму остануваат во сила сите здравствени мерки што претходно ги објави Министерството за економија, претприемништво и туризам, заедно со претседателот на Националната комисија за безбедност на храна, санитарни услови и ветеринарна медицина, пренесе националната агенција Аџерпрес.
Новите мерки забрануваат работа на барови, ноќни клубови, дискотеки, казина, кина, театри и концертни сали, како и организација на настапи, концерти, јавни и приватни фестивали и други културни настани на отворено. Секое лице постаро од пет години задолжително мора да носи заштитна маска на јавно место.