Европската агенција за лекови попладнево даде зелено светло за употреба на вакцината на Фајзер за деца помеѓу 12 и 15-годишна возраст, јави дописничката на МИА од Брисел.
Вакцината е веќе одобрена за лица над 16-годишна возраст.
Одлуката го донесе Комитетот за медицински производи за човечка употреба на Агенцијата за лекови на ЕУ попладнево.
САД веќе ја донесе истата одлука пред неколку недели.