Наскоро ќе се случи историската средба меѓу Доналд Трамп и Ким Јонг- Ун. Пред една недела Трамп назначи „две или три“ места на кои би можел да се организира неговиот состанок со Ким,а потоа наведен „две можни“ земји.
Според „CBS News“, кој се повикува на неименувани извори , тие две земји се Монголија и Сингапур.
Премиерот на Сингапур вчера кажа дека не примил никакво формално барање за такво нешто.
Денеска пак претседателот на САД соопшти дека местото и датумот за неговата средба со севернокорејскиот лидер се веќе утврдени, а ќе бидат соопштени наскоро.
Доколку Пјонгјан направи отстапки од својата нуклеарна програма и со другите прашања со кои има недоразбирања со САД, од Белата куќа соопштија дека средбата меѓу Трамп и Ким би можела да биде одржана и во текот на овој месец.
Трамп на средба со новинарите во Белата куќа кажа дека е „направено многу“ околу најавите за можно скоро ослободување на тројцата Американци затворени во Северна Кореја.
– Водиме доста заначајни разговори со Северна Кореја и досега е направено многу во врска со заложниците. Мислам дека ќе бидеме сведоци на доста добри работи, додаде Трамп.
Властите во САД соопштија дека изминативе денови ги проверуваат информацијата околу тоа дека тројца Американци биле префрлени во работен логор во хотел во близина на Пјонгјанг.
Според најавите кои стигнуваат од светските медиуми, се очекува Американците да бидат ослободени пред средбата на Трамп и Ким Јонг- Ун.