сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ОЕЦД: Ковид пандемијата изгасна 22 милиони работни места во развиените земји

ОЕЦД: Ковид пандемијата изгасна 22 милиони работни места во развиените земји

Во развоените економии поради ковид пандемијата изгасени се дури 22 милиони работни места, извести Организацијата за економска соработка и развој.

Во објавениот годишен извештај на ОЕЦД се наведува дека со државните програми за зачувување на вработеноста зачувани се околу 21 милион работни места.

Сепак богатите нации се соочуваат со закана од долготраен раст на стапката на невработеност, бидејќи многу неквалификувани работници тешко наоѓаат ново вработување.

-Многу работни места загубени поради пандемијата нема да се опорават, изјавил Стефан Карсиљо, шеф на ОЕЦД  службата за работни места.

Во мај 2021 година, стапката на невработеност во земјите од ОЕЦД е намалена на 6,6 проценти, но и натаму е најмалку еден процент над нивото пред пандемијата.

Од 22 милиони лица кои останале без работа, 8 милиони се невработени, а 14 милиони се сметаат за неактивни.

Експертите не очекуваат вкупната вработеност во земјите членки на оваа организација да се нормализира до третиот квартал на 2023 година.