Официјалниот викенд во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се менува во сабота и недела за да се олесни бизнисот со западните земји, соопшти раководството на таа држава од Персискиот Залив.
Од 2006 година, официјалниот викенд е петок и сабота, како и во другите земји со мнозинско муслиманско население на Блискиот Исток.
Новата работна недела од понеделник до петок стапува на сила во јануари.
Владините органи ќе донесат и нов распоред од четири и пол работни дена во неделата. Во петок ќе работат со скратено работно време, т.е. четири часа.
ОАЕ е првата земја во светот која ја скрати работната недела. Одлуката има за цел не само да ја зајакне економската конкурентност на земјата, туку и да го балансира бизнисот со личниот живот.
„ОАЕ ќе бидат подобро усогласени со глобалните пазари, ќе ги олеснат финансиските, трговските и економските трансакции со западните земји и ќе овозможат посилни деловни врски со мултинационалните компании со седиште во ОАЕ“, јавија локалните медиуми. (МИА)