среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОКОЛУ 80 ЛИЦА ПРИМИЛЕ ЛАЖНИ ВАКЦИНИ: Имале етикети Фајзер, а содржеле средство против брчки!

ОКОЛУ 80 ЛИЦА ПРИМИЛЕ ЛАЖНИ ВАКЦИНИ: Имале етикети Фајзер, а содржеле средство против брчки!

Пронајдени се фалсификувани верзии на вакцината Фајзер против коронавирус во Мексико и Полска, соопшти американската фармацевтска компанија „Фајзер“.

Властите во двете земји ги заплениле дозите и со тестирање потврдиле дека се лажни.

Вакцините пронајдени во Мексико имале лажни етикети, додека тие од Полска содржеле средства против брчки наместо вакцини, пишува Би-Би-Си.

Приближно 80 лица на клиника во Мексико добиле лажна верзија на вакцината што не е опасна по здравјето, но не обезбедува заштита од коронавирус. Полските власти пак, соопштија дека откриле лажни дози во стан на осомничен и дека никој досега не ја примил лажната вакцина.

Неколку лица се уапсениза лажните вакцини.