Три лица загинаа, а најмалку 20 се повредени кога автомобил олдтајмер излета од познатиот булевар Малекон во Хавана и влета во пешаци, соопштија кубанските власти.
Како што пренесуваат локалните медиуми, двајца од повредените се странци, но не е објавено од која националност.
Се наведува дека меѓу загинатите е и новинарот Улисес Каналес од кубанската агенција Пренса латина.
Властите ги истражуваат причините за несреќата. (МИА)