вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН го осуди насилното задушување на протестите во Ирак

ОН го осуди насилното задушување на протестите во Ирак

Советот за човекови права при ОН го осуди насилното задушување на мирните демонстрации во Иран и формираше независна мисија за истрага за наводните злоупотреби, особено на жените и децата.

Резолуцијата предложена од Германија и Исланд на состанокот во Женева беше поддржана од 25 земји. Шест земји гласаа против – Кина, Пакистан, Куба, Еритреја, Венецуела и Ерменија, додека 16 беа воздржани. ОН претходно апелираа до иранската влада да го запре насилството врз демонстрантите.

Протестите во Иран почнаа пред повеќе од два месеци поради убиството на Махса Амини. Таа починала како последица на тепање од полицијата за морал, бидејќи, како што посочија тамошните медиуми, не носела хиџаб правилно.