Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека израелската опсада на Појасот Газа и наредбата за евакуација би можеле да претставуваат меѓународно злосторство поради присилно преместување на цивилите.
-Загрижени сме дека оваа наредба, во комбинација со наметнување целосна опсада на Газа, не може да се смета како законска привремена евакуација и затоа би претставувала присилен трансфер на цивили што е прекршување на меѓународното право, изјави портпаролка на Канцеларијата за човекови права на ОН, Равина Шамдасани.
Терминот „присилен трансфер“ го опишува присилното преместување на цивилното население и тоа е злосторство против човештвото казниво од Меѓународниот кривичен суд.