четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН ја менува мировната мисија на Хаити со политичка

ОН ја менува мировната мисија на Хаити со политичка

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за формирање политичка мисија на светската организација во Хаити, што официјално ќе ги замени сите мировни операции на ОН во најсиромашната држава во западната хемисфера.

Резолуцијата беше одобрена со 13 гласови и два воздржани – соседот на Хаити – Доминиканската Република и Кина. На таа одлука на СБ му претходеше гласање на 12. април за прекин на мировните операции во Хаити.

Воениот мировен контингент ги напушти Хаити на 15 октомври 2017 година по 13-годишна мисија, но таму остана стабилизациска мисија за обука на националната полиција и за помош на владата во зајакнување на судските и правните институции, како и за набљудување на човековите права.