сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Минатата година рекорден раст на нивоата на „стакленични“ гасови во атмосферата

ОН: Минатата година рекорден раст на нивоата на „стакленични“ гасови во атмосферата

Атмосферското присуство на јаглеродниот диоксид, метанот и на азотниот оксид – трите главни гасови што придонесуваат за т.н. „ефект на стаклена градина“ – во 2021 година достигнало рекордни нивоа, се посочува во најновиот извештај на Светската метеоролошка организација на ОН.

Според документот, концентрацијата на метан во атмосферата минатата година бележи најголем годишен раст во изминатите 40-тина години од кога и се вршат редовни мерења.

Според експертите, причината за таквиот исклучителен пораст не е јасна, но се смета дека е последица на комбинација од биолошки и процеси индуцирани од човечкиот фактор..

Зголемувањето на нивото на јаглеродниот диоксид во периодот од 2020 до 2021 година исто така е поголемо од просечната годишна стапка на раст забележано последната деценија.

Според Светската метеоролошка организација, нивоата на „стакленичните“ гасови во атмосферата продолжуваат да растат и во тековната 2022 година. (МИА)