понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Можна е ескалација на судирите во Сирија

ОН: Можна е ескалација на судирите во Сирија

Во Сирија е можна ескалација на крвави судири откако изминатите месеци се интензивираа борбите во одредени делови на земјата, предупредуваат Обединети нации во најновиот извештај.

-Сирија не може да си дозволи да се врати на борбите од големи размери, но тоа е патот кон кој можеби оди, изјави претседателот на Комисијата на ОН за Сирија, Пауло Серџо Пинеиро.

Во извештајот на 50 страници се наведува дека грубото кршење на основните човекови права и хуманитарното право се зголемило во Сирија во изминатите шест месеци, и покрај тоа што многу активни боишта се смириле во последните години.

Според ОН, се уште има борби во североисточниот и северозападниот дел на Сирија,  при што загинаа десетици цивили, а исто така е ограничен пристапот до храна и вода.

-Во одреден момент мислевме дека војната во Сирија е целосно завршена, посочи Пинеиро, додавајќи дека прекршувањата документирани во извештајот покажуваат дека тоа не е така.  (МИА)