четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Можно е околу 300 мигранти да се удавиле крај бреговите на Јемен

ОН: Можно е околу 300 мигранти да се удавиле крај бреговите на Јемен
фото-илустрација

Официјален претставник на Обединетите нации денеска изјави дека е можно околу 300 мигранти да се удавиле кога нивниот брод се превртел во близина на брегот на Јемен, што укажува на ризици од миграција од Рогот на Африка во богатите земји од Персискиот залив.

Претставникот на ОН и хуманитарен координатор Дејвид Гресли изјави дека мигрантската криза прави уште поголем притисок врз веќе опасната ситуација во Јемен, што доведе до хуманитарни проблеми.

На почетокот на овој месец, голем број тела испливаа на брегот Рас ал-Арах во јеменското Црвено Море, откако нивниот брод се преврте на отворено море.