недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН: На Авганистан му е потребна помош од 4,62 милијарди долари

ОН: На Авганистан му е потребна помош од 4,62 милијарди долари

Авганистан годинава има потреба од 4,62 милијарди долари хуманитарна помош за речиси 24 милиони луѓе, објави Агенцијата за хуманитарни прашања при Обединетите нации.

Земјата се соочува со трета последователна година на суша, втора година на тешки економски потешкотии и континуирани ефекти од децениските војни и природни катастрофи, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

Агенцијата за храна при ОН на почетокот на овој месец соопшти дека итно ѝ се потребни 800 милиони долари во следните шест месеци за помош на Авганистан, кој е изложен на најголем ризик од глад во последните 25 години.

Агенциите за помош обезбедуваат храна, образование и здравствена поддршка по преземањето на власта од страна на талибанците во август 2021 година и економскиот колапс што следеше.