Речиси еден милион луѓе во Авганистан, Етиопија, Јужен Судан, Сомалија и Јемен гладуваат или, во отсуство на надворешна помош, ќе се соочат со глад оваа година бидејќи се влошува глобалната криза со храна, предупредија агенциите на Обединетите нации.
Примарни двигатели на гласот се локалните конфликти и екстремните временски услови, што годинава се влошени со економската нестабилност поврзана со последиците од пандемијата со Ковид-19 и руската инвазија врз Украина.
Според Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) „големата суша во Рогот на Африка ги турна луѓето на работ на гладување. Глобалната криза со храна и несигурноста на храната брзо се шират низ светот. Без сеопфатен хуманитарен одговор, ситуацијата најверојатно ќе се влоши во наредните месеци“.
Во извештајот се наведува дека таквите трендови најверојатно ќе продолжат во наредните месеци, со дополнително зголемување на сиромаштијата и несигурноста кога станува збор за храната, а постои и зголемена закана од граѓански немири поттикнати од растечките социо-економски проблеми.