недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Ситуацијата во Сирија е се поопасна

ОН: Ситуацијата во Сирија е се поопасна

Обединетите нации (ОН) денеска изразија загриженост за ескалацијата на непријателствата во Сирија и додадоа дека во таа земја се чувствуваат последиците од војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас, пренесе Бета.

-Од март 2020 година, сирискиот конфликт е во еден вид стратешки ќор-сокак. Долго предупредував дека оваа статус кво ја става Сирија во ризик да влезе во подлабока и продолжена криза, со ризик од најголема ескалација, рече специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен на состанок во Советот за безбедност.

Според него, време е да се алармира, бидејќи „сега ситуацијата е се поопасна“.

-Покрај насилството предизвикано од самиот сириски конфликт, сириското население сега се соочува со застрашувачка можност за потенцијално поширока ескалација, поврзана со алармантните случувања во Израел, окупираните палестински територии и регионот, рече Педерсен.

Тој додаде дека тоа веќе започнало, алудирајќи на израелските напади на аеродромите во Алепо и Дамаск.

-Вниманието на светот е насочено кон кризата во Газа и тоа е оправдано. Но, не смееме да го оттргнеме вниманието од хуманитарните кризи кои продолжуваат на други места, во големи размери, вклучително и во истиот регион, рече Педерсен.