Поројни дождови се очекува да се случат денеска над североисточниот дел на САД, кои имаат потенцијал да предизвикаат катастрофални поплави во регионот, пренесуваат британските медиуми.
Околу 13 милиони Американци живеат во регионот за кој е издадено предупредување за поплави во источниот дел на Њујорк, во областа Бостон и во Западен Мејн. Таму се очекува да наврнат и до 17,78 сантиметри дожд, според прогнозата на американската метеоролошка служба.
-Како последица на лошото време вчера една жена почина во округот Оринџ, Њујорк, откако водата ја однела додека се обидувала да избега од својот дом, јавија локалните медиуми.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хук, прогласи вонредна состојба во најмалку две окрузи, повикувајќи ги жителите внимателно да ја следат временската прогноза во текот на денот.
Стотици летови до и од аеродромите во регионот, вклучително и њујоршкиот Ла Гвардија и бостонскиот Логан, беа одложени или откажани вчера и денеска.