Лидерот на опозицијата на Малдивите победи на вчерашните претседателски избори во островската држава во Индискиот океан.
Според националната изборна комисија, Ибрахим Мохамед Солих освоил 58,3 проценти од гласовите, со што убедливо го победи досегашниот претседател Абдула Јамин. Избoрната активност надминала 88 проценти од регистрираните 262 илјади избирачи.
– Ова е момент на среќа и надеж. Пораката е јасна и гласна. Народот на Малдивите сака промена, мир и правда, изјави 54-годишниот Солих по изборите.
(Миа)